Пејачката Зорица Брунцлик неодамна беше погодена од трагедијата која се случи неочекувано, откако во сообраќајна несреќа загина кралот на фолк музиката Шабан Шаулиќ со кого беа кумови.
По болката и тагата, семејството го погоди нова трагедија, почина братот на пејачката.
-Зорица за кратко време ја напуштија двајца блиски мажи, откако едвај се опорави по смртта на нејзиниот кум Шабан, овој пат остана без својот брат кој се занимаваше со музика, вели за српските медиуми сопругот Кемиш.
Инаку семејството овој период чека и принова од нивната ќерка Злата која е пред породување.