Ива Пејовиќ, ќерката на Ацo Пејовиќ, денеска го слави полнолетството во хотел во Белград, а на прославата пристигна и нивната кума Александра Пријовиќ, славната фолк ѕвезда.
Пријовиќ малку задоцни, а на многумина им беше чудно што дојде одвоено од сопругот Филип Живојиновиќ, кој меѓу првите позираше во друштво на неговиот брат Виктор и таткото Боба.
Пријовиќ, пак, дошла навидум нерасположена – се намуртила додека излегувала од скапиот автомобил, но кога ги видела фоторепортерите раширила насмевка.
Инаку, таа на овој роденден дојде во друштво на шминкерот Душан Лазиќ, кој ноќва славеше роденден.
FOTO: E-STOCK/ČASLAV VUKOJIČIĆ