Фолкерот Дарко Лазиќ и го кажа судбоносното „да“ на својата избраничка Катарина.
Цело време тоа го чуваа во тајност, а сега на социјалните мрежи ја сподели првата фотографија од нивната тајна венчавка.
Дарко и Катарина беа облечени во црно, а венчавката се одржа во општината. Популарниот пар објави и фотографија од нив со кумовите, кои изгледа се единствени кои присуствувале на законското стапување во брак.
Двајцата изгледаат навистина убаво иако несвојствено за невеста, Катарина е цела облечена во црно.