понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Нов проблем за Дарко Лазиќ, родителите на Барбара со сериозна закана

Нов проблем за Дарко Лазиќ, родителите на Барбара со сериозна закана

Родителите на Барбара Бобак се посрамотени и бесни поради скандалите кои го пратат избраникот на нивната ќерка.

Имено, Барбара го остави Дарко Лазиќ откако полицијата го уапси поради брзо возење под дејство на алкохол и дрога. Па откако тоа се случи тие на Барбара и забранија да му се врати заканувајќи и се дека ќе се откажат од неа.

-Таткото на Барбара има приватна компанија за транспорт, а нејзината мајка е медицинско лице. Иако во старт и двајцата не ја прифатија врската на нивната ќерка со Дарко, таа им се колнела дека Дарко го оставил алкохолот и дека никогаш немал допир со наркотици. Само што почнаа да попуштаат и да ја прифаќаат нивната врска, се случи апсењето кое буквално ги допре и двајцата. Додека пејачот беше во притвор , мајката на Барбара во солзи и се јавила и ја молела да ја прекине веридбата со Дарка како би се спасила од јавно омаловажување, изјави извор близок до семејството. Изворот откри дека таткото на Барбара уште потешко ја поднел целата ситуација и се заколнал дека доколу Барбара не го остави Дарко, тој ќе се откаже од неа.

-Нејзиниот татко е вреден и работлив човек, а го познава цел Нови Сад. Поради срамот кој им се случи тој не излегува од дома, на никого не му се јавува на телефон. Барбара само ден по настаните отишла во куќата на своите родители и тогаш нејзиниот татко јасно и даде до знаење дека таа ќе биде мртва за него доколку му прости на вереникот, рече изворот за српските медиуми.

Барбара призна дека неколку часа пред апсењето на Дарко, пробала да го спречи да вози во алкохолизирана состојба.

фото: telegraf.rs

Најнови вести