Пејачката Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ ова лето имаат многу причина за славење. Двајцата на 21 јуни го изговорија судбоносното „ДА“, а веќе следниот месец одекна веста дека ќе станат и родители.
Сега на ред е роденденот на Филип.
Александра, иако бремена, е многу активна и не запира со настапите. Меѓу истите таа ужива времето да го поминува со семејството.
Во нивниот дом денес има причина на ново славење, Филип го прославува 33 годишниот роденден, а пејачката преку социјалните мрежи на сопругот му го честиташе роденденот со емотивна порака.
-Среќен роденден на мојот најдобар сопруг на целиот свет. Те сакам, порача Александра објавувајќи фотографија од нивната свадба.