Канје Вест (44) и Ким Кардашијан (41) веќе подолго време се во конфликт преку социјалните мрежи, а се започна откако Канје објави скриншот од нивната ќерка Норт (8), која против негова волја користи ТикТок.
По неколку негови јавни појавувања, Ким одговори на својот Инстаграм, по што ситуацијата меѓу наскоро бившите сопружници се вжешти.
– Ким ме обвини дека наредив нејзина ликвидација, а сакам да кажам дека тоа се сериозни обвинувања и дека не е можно така да се игра со животите на Афроамериканците. Ме обвини за дрога и дека сум крадец, а јас го немам ни нејзиниот телефонски број – напиша меѓу другото Кајне на Инстаграм.
Страсниот рапер тврди дека Ким не му дозволува да ги гледа нивните деца, а дека едвај му дозволила да присуствува на роденденот на малиот Чикаго (4) кој неодамна го прославија.
Бесните статуси на Канје ги следат многу фанови на социјалните мрежи, а повеќето од нив не се согласуваат дека родител на четири деца треба јавно ги решава нивните проблеми.
Новата девојка на Канје, Џулија Фокс (32) сака да се смири ситуацијата меѓу поранешните партнери:
– И Јулија помина низ развод, па сфаќа дека разводите се тешки, а кога се во прашање децата, тоа ја прави ситуацијата речиси невозможна. Таа само сака да си ги реши проблемите – изјавил за Пејџ сикс извор близок до Јулија.