сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Новак и Јелена Ѓоковиќ: Нашите деца нема повеќе да дуваат свеќички на роденденските торти, eве зошто

Новак и Јелена Ѓоковиќ: Нашите деца нема повеќе да дуваат свеќички на роденденските торти, eве зошто

Сопругата на најдобриот тенисер на светот Јелена Ѓоковиќ, во последно време јавно ги споделува нејзините ставови за правилно воспитување на нивните две деца

Неодамна, Јелена Ѓоковиќ изјави дека нејзините деца нема да бидат воспитувани со ќотек, а ваквиот нејзин став наиде на безброј коментари од српската јавност, дел од нив беа осудувачки.

-Моите деца ќе бидат првата генерација која нема да биде казнувана со ќотек. Јас го добивав од моите родители, мојата мајка од моите баба и дедо, мојот татко исто така, Новак исто, неговите родители од неговите баба и дедо идентично. Моите Стефан и Тара нема да бидат на ваков начин казнувани за нивните постапки, и верувам дека е тоа чекор да почне да се менува светот. Сметам дека со ваквото наше однесување ќе почнеме да ја менуваме иднината на оваа нација, вели Ѓоковиќ.

Освен ова, Јелена и Новак Ѓоковиќ изјавија и дека од сега натаму нивните две деца нема да дуваат свеќички на роденденските торти. Бидејќи во косовските манастири палеле свеќи за живите и покојните, за здравје и мир. Свеќата е симбол на несебична жртва, таа гори за да на другите им даде светлост и сјај, симбол на отстранување на стравовите и лошите мисли. Па за нив било нејасно, зошто е прифатена таа традиција, да се гаси свеќа на роденденска торта додека се замислува желба, и решиле тој обичај да не го негуваат повеќе во нивното семејство.

Најнови вести