недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Нови детали за состојбата на Дарко Лазиќ: Се огласи и директорот на клиниката, шокираше со изјавата

Нови детали за состојбата на Дарко Лазиќ: Се огласи и директорот на клиниката, шокираше со изјавата

Директорот на КБЦ Земун, Драгош Стојановиќ за медиумите ги открива новите детали за состојбата на Дарко. Тој вели дека е надвор од памет да се рече дека состојбата на пејачот се стабилизирала.

-Се уште е во многу тешка состојба. Има политраума со повреда на многу органи. Секоја од тие повреди е тешка.

Стојановиќ објаснува дека Дарко не бил врзан, па траума преживеало целото тело.

-Освен што има преломи и контузии на многу места, очекуваме реакција на органите на сите нивоа. Сега водиме битка со реакцијата на целото тело. На интензивна нега е, на апарати за дишење. Додека не добиеме одговор од неговиот организам, не можеме да даваме други прогнози, ниту да планираме. Да можам да предвидам што ќе се случува со телото на Дарко, ќе добијам Нобелова награда.

Најнови вести