Една од најсексапилните спортски новинарки во Италија и верен навивач на Наполи, Флориjана Месина, продолжува да ги радува своите фанови на социјалните мрежи, откако објави серија (полу)голи фотографии од одморот на Миконос.
Таа, за разлика од Хари Мегваер, не прави инциденти во вид на тепачка, но и околу неа постојано е мешаница поради тоа што најчесто е во оскуден костим за капење, кој повеќе открива отколку што покрива. Таа има 625.000 следбеници на Инстаграм, кои се воодушевени од тоа што им го понуди од одморот во Грција.
Таа на фудбалерите на Наполи им понуди дополнителна мотивација во борбата за Скудетото сезонава, дека ќе се соблече скроз гола само за нив ако станат шампиони, но за жал на армијата фанови, составот на Елиф Елмас не успеа да дојде до врвот.