среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Нусрет порача дека никогаш повеќе нема да стапне на стадионите на светските првенства: „Не ми се допаѓаше вниманието“

Нусрет порача дека никогаш повеќе нема да стапне на стадионите на светските првенства: „Не ми се допаѓаше вниманието“

Популарниот турски готвач Нусрет Гокче неодамна изјави дека никогаш повеќе нема да стапне на стадион на светските првенства откако се фотографираше со пехарот во Катар минатата година.

Имено, репрезентацијата на Аргентина тогаш ја победи Франија, а многумина го чекаа моментот кога Лионел Меси требаше да го подигне пехарот од 18-каратно злато, чија вредност се проценува на околу 20 милиони американски долари.

На стадионот тогаш се најде и популарниот готвач кој во рацете го држеше токму овој пехар и наиде на критики бидејќи допирањето на пехарот им е дозволено само на победниците на Светското првенство и шефовите на државата.

Зборувајќи во интервју за „The Times“, Нусрет објасни дека се чувствувал како домаќин на теренот, поради фактот што живеел во Аргентина и дека многу играчи го посетиле неговиот ресторан.

„Не можам да направам ништо во врска со тоа што бев таму, но никогаш повеќе нема да стапнам на терен на кој се одржува Светското првенство. Не излегов на теренот за да се рекламирам, само чувствував потреба да бидам таму“, објаснил тој.

„Не сакав никого да засенам. Не ми се допаѓаше вниманието“, порачал Нусрет.

За потсетување, по појавувањето во финалето на Светското првенство во фудбал, Нусрет кој е познат и по прекарот „Salt Bae“ е често мета на критики во јавноста, која внимателно ги следи неговите потези.

Најнови вести