среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Поради оваа фотографија славниот Нусрет се најде на удар на критики: „Човекот нема поим“

Поради оваа фотографија славниот Нусрет се најде на удар на критики: „Човекот нема поим“

Славниот турски готвач Нусрет Гокче со секој свој потег предизвикува лавина критики, па дури и кога се обидува да направи некое добро дело.

За потсетување, пред една недела разорен земјотрес со магнитуда од 6,8 степени по Рихтер го погоди Мароко. Во земјотресот загинаа околу 3000 лица, а речиси 6000 се повредени.

По повод оваа голема трагедија се огласи и Нусрет на својот Инстаграм профил.

„Нашите срца се со оние кои се погодени од овој несреќен настан, со вас сме Мароко“, напишал готвачот покрај фотографијата на која го држи знамето на државата, но свртено наопаку.

Луѓето во коментари веднаш го нападнале поради оваа грешка.

„Ти благодарам. Сега сврти го знамето“, „Човекот нема поим“. „Барем држи го знамето правилно исправено. Колку некој може да има непочит“, го критикувале следбениците.

Иако во помала мера, имало и такви кои застанале во негова одбрана.

„Важна е изјавата, а не начинот на кој го држи знамето. Ти благодарам за поддршката. Се надевам дека и вие останатите ќе го поддржите Мароко со донации и молитви“, напишала една инфлуенсерка чиј коментар добил бројни лајкови.

Најнови вести