сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Објавени детали за погребот на Берлускони

Објавени детали за погребот на Берлускони

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони ќе биде погребан со државни почести, а погребот ќе биде извршен во миланската катедрала во среда во 14 часот, изјави денеска портпаролот на Католичката црква во Милано, пренесе „Ројтерс“.

Според агенцијата АНСА, неговото тело ќе биде префрлено во неговата вила Сан Мартино во Аркоро, северно од Милано, велат изворите.

Берлускони почина денеска во миланската болница „Сан Рафаеле“ на 87-годишна возраст, откако пред три дена беше хоспитализиран на однапред закажан преглед поврзан со хронична леукемија.

Најнови вести