Избраничката на Дарко Лазиќ, Марина Гагиќ ги израдува своите фанови на социјалната мрежа Инстаграм откако сподели фотографија стара повеќе од една година.
Имено станува збор за прва фотографија од синот на пејачот заедно со ново печената мајка направена веднаш по доаѓањето на свет на малиот Алексеј.
Марина на својот профил на Инстаграм откако ја објави фотографијата веднаш наиде на позитивни коментари од фановите, особено за нејзиниот природен изглед и храброста да објави ваква фотографија.