среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ОЧИТЕ НА СВЕТОТ ВПЕРЕНИ ВО НЕА – мајката на сегашниот емир ги помести модните граници во арапскиот свет, еве како се појави на отворањето на СП (ФОТО)

ОЧИТЕ НА СВЕТОТ ВПЕРЕНИ ВО НЕА – мајката на сегашниот емир ги помести модните граници во арапскиот свет, еве како се појави на отворањето на СП (ФОТО)

Во неделата почна долго очекуваното Светско првенство во фудбал. На свеченото отворање присуствувале најмоќните луѓе во Катар, како и многу други луѓе што му припаѓаат на повисокиот сталеж.

Меѓу нив е и Моза бин Насер, жена на шеикот Хамад Халиф Ал Таниј, некогашен катарски емир, и мајка на сегашниот емир. Моза отсекогаш важела за модна кралица и секоја нејзина модна комбинација привлекува големо внимание.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Moza bint Nasser (@mozabintnasser)

Моза дефинитивно ги поместува модните граници во арапскиот свет, а доказ за тоа е и приемот во Меѓународната куќа на најдобро облечени жени во светот, во 2015 година.

Оваа дама претежно носи монохроматски комбинации, зачинети со скапоцен накит и ефектна шминка. Овој пат облекла специфичен бордо стајлинг со потпис на брендот „Прада“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Moza bint Nasser (@mozabintnasser)

Имено, 63-годишната Моза носела долг, бордо фустан од сатен, додека преку него имала голема наметка и марама, што е карактеристична за жените во арапските земји.

Комбинацијата ја заокружила со голем брош, како и со ефектен накит. На нозете носела салонки. Ефектната шминка ни овој пат не изостанала, а карминот во иста боја како фустанот совршено се вклопил во стајлингот.

Да се потсетиме, Моза се појавила во слично издание во декември 2010 година, кога во Цирих било обелоденето дека Катар ќе биде домаќин на овој шампионат.

Најнови вести