недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ОД ЦИФРАТА ЌЕ ВИ СЕ ЗАВРТИ Јелена Ѓоковиќ покажа нов моден додаток кој вреди колку еден стан (ФОТО)

ОД ЦИФРАТА ЌЕ ВИ СЕ ЗАВРТИ Јелена Ѓоковиќ покажа нов моден додаток кој вреди колку еден стан (ФОТО)

Часовникот на Јелена Ѓоковиќ вреди колку мало богатство

Јелена Ѓоковиќ инсистира на минимализам и стил кој во најмала рака би можеле да го наречеме обичен. Секако, таа за специјални пригоди избира специјални парчиња, често со најскапи потписи, па ја забележуваат и модни икони како Ана Винтур.

Иако не е жена која се фали со луксуз и ги има сите услови за тоа, ниту пак сака на кој било начин да го привлекува вниманието на себе, сопругата на најдобриот тенисер на денешницата одвреме-навреме ни дава до знаење која приватна колекцијата и е омилена. Тоа е ризница на часовници чија вредност е тешко да се измери.

Еден од најскапите, без сомнение, е моделот на марката Audemars Piguet, кој чини вртоглави педесет илјади евра. Како помал стан во Скопје. Рамката и куќиштето се изработени од 18-каратно розово злато, а има и 32 дијаманти и сребрен бројчаник.

На неодамнешниот турнир во Белград таа носеше сив часовник, а се претпоставува дека се работи за познатиот јапонски бренд Сеико, чие заштитно лице е нејзиниот сопруг. Во споредба со другите парчиња од колекцијата на Јелена, цената на ова е вистинска ситница, бидејќи за најскапите модели не треба да се издвојуваат повеќе од пет илјади евра.

Најнови вести