сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Од девојка со големи соништа до жена која преживува пекол: Бритни Спирс ќе потресе многумина со своите мемоари, еве кога ќе бидат објавени

Од девојка со големи соништа до жена која преживува пекол: Бритни Спирс ќе потресе многумина со своите мемоари, еве кога ќе бидат објавени

Мемоарите на поп принцезата Бритни Спирс (41) ќе бидат објавени наесен, открива Page Six.

Ќе ги опфати најранливите моменти од нејзиниот живот, од нејзиното детство како обична девојка со големи соништа, раскинувањето со познатиот пејач Џастин Тимберлејк и долгогодишната битка за старателство со нејзините родители.

-Тоа е приказна за преживување, од старателството кое целосно ја парализирало до среќата со нејзиниот сопруг Сем Ашгари, вели изворот.

Бритни соработуваше за книгата со истакнатиот писател и новинар Сем Ленски, а американската издавачка куќа „Simo & Schuster“ е воодушевена од мемоарите, кои во моментов се подложени на финални ревизии пред објавување.

Нејзиниот адвокат Метју Розенгарт и американската агенција „Creative Artists Agency“ склучија значаен договор од 15 милиони долари, што е еден од највисоките во историјата после издавачките договори на Барак и Мишел Обама.

Самата пејачка еднаш зборуваше за пишување книга на социјалните мрежи.

-Вљубена сум во животот што си го изградив за себе после се што направив за да се ослободам од мојот татко цели 13 години. Воопшто немам семејство кое ме цени и почитува. Тоа ми е најтешкиот дел бидејќи колку и да ги сакам, тоа е нешто што веројатно никогаш нема да го преболам. Напишав три различни верзии на мојата книга, што беше терапевтско искуство за мене,  објави Бритни на Инстаграм.

На 1-ви февруари 2008 година, Бритни беше насилно ставена под надзор со одлука на судија. Нејзиниот татко Џејмс Спирс и неговиот адвокат Андреј М. Валет оттогаш носат деловни и лични одлуки во нејзино име.

Самата пејачка во неколку наврати признала дека немала пристап до парите, не смеела да пие ниту кафе, а била под надзор дури и кога се туширала.

Старателството траеше до ноември 2021 година.

Најнови вести