Последната желба на кралицата Елизабета Втора повеќе не е тајна. Од сè на овој свет, британска кралица сакаше само едно. Историчарот и експерт за кралско семејство Роберт Хардман за магазинот „People“ ја откри последната желба на кралицата Елизабета Втора.
– Не сакаше да го види нејзиниот споменик, ниту да има посебна гробница во капелата Свети Ѓорѓи. Како што еднаш ми кажа нејзината братучетка Маргарет Родс – таа сакаше да го направи својот татко горд – рече тој.
Според споменатиот експерт, последната желба на кралицата била Хари да се смири со остатокот од семејството и да се врати во Англија. За жал, таа желба не се оствари.
Познато е дека Хари отсекогаш бил омилениот внук на кралицата, а сега има официјална потврда дека кралицата едноставно го обожува и покрај сите предавства и разочарувања што ги предизвика на кралското семејство во последните неколку години.
– Кралицата до последниот ден од животот го обожаваше својот внук, принцот Хари. Исто така, Хари многу ја сакаше и затоа нејзината смрт го погоди многу силно – рекол Хардман и објаснил дека на принцот му било особено тешко што последните години не се гледал често со својата баба.
– Таа беше една од најсилните врски меѓу Калифорнија и Виндзор, а само нејзината љубов успеа да го спречи Хари целосно да ги прекине сите врски со семејството – додаде историчарот.