Таткото на Дарко Лазиќ, Милан, минатата недела ја избркал од болницата во Земун поранешната снаа Ана Севиќ и и кажал дека не сака да ја гледа покрај синот.
Како што пишуваат српските медиуми, тој бил револтиран поради тоа што пејачката на своја рака го откажала дарувањето крв за Дарко и тоа во моментот додека тој бил во кома и се борел за живот по тешката сообраќајка.
-Милан како и целото семејство Лазиќ нема мир откако Дарко доживеа несреќа. Или се во болница или седат дома загрижени молејќи се ништо да не тргне на полошо. Минатата недела Милан ги изгуби нервите кон одредени луѓе. Реши да направи чистка, а меѓу оние кои не сака да ги гледа е и Ана. Нејзе и кажа да не доаѓа во болницата бидејќи само прави проблеми. Тие двајцата не се караа, ниту разменуваа тешки зборови, но Милан и кажа дека е непосакувана. Од тој ден таа не се појави. Тој не може да и прости што ги повикала луѓето да не даваат крв под изговор дека не му е потребна на Дарко. Нему ни денес не му е јасно зошто го направила тоа. Со својата објава Ана направи збрка меѓу луѓето од цела Србија кои сакаа да помогнат, а на крајот не дојдоа бидејќи поверуваа во нејзините зборови, вели извор за српските медиуми.
Но објавата на Ана не е единственото нешто кое го изнервирано таткото на Дарко.
Капката која ја прелила чашата за да ја избрка екс- снаата, бил и фактот што Ана уште од првиот ден по несреќата го побарала осигурувањето.
-Милан и неговата жена се свесни дека бракот на Ана и Дарко е готов, но од нејзина страна беше човечно да не се распрашува за наплатата од осигурувањето. Се изненадија кога им кажаа дека отишла и на концерт на Маја Беровиќ. Таткото на нејзиното дете е во тешка состојба, а таа се забавува, завршува изворот.