Актерката и поранешна мис Македонија, Јана Стојановска, беше гостинка на Огњен Амиџиќ, а покрај неa гости му беа и Ивица Дачиќ и Харис Џиновиќ.
Сред емисија Огнен ја праша Јана дали може да ја пуште секс сцената од “Сенки од Балканот”, на што нашата Јана кажа ДА.
Откако што ја изгледаа, следеа коментари.
– Хари? Одлична глума! – рекол Огњен Амиџиќ.
– Добра! – рекол Џиновиќ, а тогаш се вклучил и Дачиќ.
Амиџиќ констатирал дека Јана својата сцена ја изгледала полесно од сите во студиото а таа на ова одговорила:
– Ја сакам оваа сцена. Би ја гледала уште 100 пати – рекла Јана.
– И ние би ја гледале, не е тоа проблем – рекол Дачиќ, насмевнувајќи се на коментарот.
Инаку Јана заедно со министерот Ивица Дачиќ ја испејаа песната „Како ми недостајеш“.