Наоми Бајден, внука на американскиот претседател Џо Бајден, се вери со момчето Питер Нил. Среќната вест парот ја потврди на Инстаграм.
Тие објавија заедничка фотографија на која се гледа вереничкиот прстен на раката на Наоми.
View this post on Instagram
„Засекогаш“, напишала накратко 27-годишната Наоми во описот. Истата фотографија ја објавил и Питер.
Не е познато од кога точно двојката е во врска, но Page Six пишува дека тие се заедно повеќе од три години. Во 2019 година, Нил и го честитал роденденот на Наоми преку социјалните медиуми.
View this post on Instagram
„Среќен роденден на мојата партнерка во се`, Наоми, која е најсветлата, најубавата и најдобрата пријателка. Таа е полна со љубов, пољубезна и повеќе грижлива отколку што заслужува светот, а сите ние, а особено јас, имаме среќа да направиме уште едно патување со неа околу сонцето “, напишал тогаш.
View this post on Instagram
Според Page Six, Нил наводно практикувала во претседателската кампања на Хилари Клинтон и во Белата куќа за време на администрацијата на Барак Обама.
Наоми е ќерка на синот на Бајден, Хантер и неговата поранешна сопруга Кетлин Бајден. Поранешните сопружници имаат и ќерки Финеган и Мејси.
View this post on Instagram
View this post on Instagram