четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Омилениот лик од серијата „Јужен ветер“ доби руско државјанство

Омилениот лик од серијата „Јужен ветер“ доби руско државјанство

Познатиот српски актер Милош Биковиќ доби руско државјанство. Оваа информација беше објавена на официјалниот портал за правни информации на Русија.

„Да се даде руско државјанство на следниве лица:… Милош Биковиќ, роден на 13 јануари 1988 година во Србија“, стои во указот потпишан од рускиот претседател Владимир Путин, пренесува „Спутник“.

Биковиќ, инаку е еден од најпопуларните балкански актери, и еден од најплатените актери во Русија, гради странска кариера со години.

Тој неколку пати зборуваше со медиумите за неговото пристигнување во Русија, но без детали. Сепак, познато е дека неговата кариера тргна по нагорен пат откако доби споредна улога во филмот „Сонце“ (2014), кој го сними Никита Михалков, еден од најпознатите руски режисери.

Српскиот актер може да си дозволи да ја стави раката на рамото на продуцентот Фјодор Бондарчук, кој е претседател на бордот на директори на Ленфилм, а во исто време и член на Врховниот совет на владејачката партија Единствена Русија и претседателските совет за култура и уметност. Бондарчук беше еден од продуцентите на филмот „Мраз“ од 2018 година, во кој Биковиќ ја доби главната улога.

Биковиќ беше почестен со медалот на Пушкин од страна на претседателот Владимир Путин, на 4 ноември 2018 година, на Денот на националното единство. Ова признание се доделува за заслуги во областа на културата и зближување на културите и нациите. Само Кустурица има значајна руска награда меѓу српските уметници, на кои Путин им го додели „Орденот на пријателството“ во 2016 година за „посебни заслуги во зајакнувањето на мирот и меѓусебното разбирање“, рече еднаш Радио Слободна Европа.

Најнови вести