Принцезата Дајана и денес е синоним за дама со борбен карактер која не трпела бесмислени ограничувања, па поради тоа е инспирација на многу од дамите.
Таа секогаш прекрасно изгледала, имала витка линија, а нејзините модни комбинации и натаму се копираат.
За да ја задржи својата прекрасна форма, таа се грижела за исхраната, а омилениот појадок многу ѝ помогнал да остане сита и згодна.
Имено, шефот на кујната Дарен Мекгрејди во една прилика кажал дека најмалку три пати неделно наутро принцезата јадела грав. Немојте да се чудите зошто тоа за Велика Британија е целосно нормално.
Со тоа јадење принцезата сакала да јаде и еден грејпфрут, да се напие шолја кафе и чаша сок од портокал и тоа било сѐ пред да оди во теретана.
„Сакаше грав затоа што некој ѝ кажал дека има малку јаглехидрати, малку масти и протеини, што е одлично за некој којшто вежба“, изјавил шефот на кујната Мекгрејди.
Инаку, гравот се служи со јајца, колбаси, сланина и печурки и заедно го прават омилениот традиционален англиски појадок.
Анета Константинидес, новинарка на „Insider“, го пробала омилениот појадок на принцезата Дајана и потоа ѝ било јасно зошто принцезата јадела баш грав пред тренинг.
„Баш како и Дајана, открив дека печениот грав е одличен начин да се наполните со „гориво“ пред да одите на тренинг. Вообичаено го јадам со печени јајца и некое фета сирење (сепак сум од Грција). Додавам една лажица авокадо доколку имам. И гравот секогаш го јадам со многу лут сос и свеж, мелен, црн бибер. Гравот има одличен вкус“, открила таа.
Ни за Дајана не се варел грав наутро, туку таа го јадела оној од конзерва, а тој го пробала новинарката Анета.
„За загревање на гравот потребни ви се само две и пол минути и здрав е. За појадок користам половина лименка која има 150 калории, девет грама протеини и нула грама масти“, вели новинарката.
Како изгледал тренингот на Лејди Ди?
Степ аеробик којшто е популарен во последните 2 декади на минатиот век, како и кардио вежби, биле неизоставен дел од тренингот на принцезата.
Покрај тоа таа практикувала и трчање и долги прошетки кои особено ги сакала. Како мајка на две момчиња, таа не дозволувала да го запостави вежбањето.
Интересно е тоа што Џени Ривит ѝ ја всадила љубовта кон ролерите кои често ги возела.
Секој кој барем еднаш се обидел, знаел колку се тие добри за затегнување на мускулите, пред сѐ нозете, а поради одржување на рамнотежа ангажирани се и рацете, односно цело тело. Таквата активност исто така е многу забавна.