Фудбалерот на Ливерпул Натанијел Клајн овие денови е во центарот на вниманието откако во јавноста се појавија информации дека тој им плаќал на девојки да доаѓаат на дружење со него и неговите пријатели.
Седумте пријатели на фудбалерот ги дочекале осум девојки од кои две биле малолетни и имале 16 и 17 години.
Сепак најголемото внимание го предизвикало доаѓањето на Инстаграм манекенката Естел Морен за кого Клајн платил наводно околу 3 илјади фунти.
-Тие не се знаеја меѓусебно, освен тинејџерките, тој потроши илјадници евра за нивните летови, пијачки, изнајмување на вили. Не можеа да поверуваат дека станува збор за фудбалер кога видоа колку пие и се забавува, вели изворот за британскиот „Сан“.