Војвотката од Сасекс, Меган Маркл се враќа на малите екрани, но овој пат нема да глуми, туку ќе се појави во новиот документарен филм за кралицата Елизавета Втора, пипува Хафингтон Пост.
„Кралица на светот“ е новата документарна серија на британската мрежа ITV, а се заснова на моменталната улога на кралицата како јавна фигура која има влијание во целиот свет.
Од она што е познато, серијата го голема мера ќе се фокусира на нејзинара работа со здружението Комонвелт, како и со влијанието кое го има над младите кралеви.
Документарецот, кој се снима веќе една година, има „повластен пристап“ до кралицата, нејзиното семејство, персоналот и резиденциите.
Гледачите ќе може да видат и моменти „зад сцената“ со принцот Вилијам, Кејт Мидлтон, како и со принцот Хари и Меган Маркл.
Освен тоа војвотката од Сасекс ќе даде и повеќе интервјуа во кои ќе зборува за кралицата Елизабета.
Документарната серија ќе почне да се емитува во Велика Британија овој месец.