среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

„Отидовме по патики, а добив прстен“: Барбара Бобак откри како ја запросил Дарко Лазиќ

„Отидовме по патики, а добив прстен“: Барбара Бобак откри како ја запросил Дарко Лазиќ

Дарко Лазиќ ја запроси Барбара Бобак. Имено, пејачката на својот „Инстаграм“ објави фотографија и го кажа вереничкиот прстен.

Барбара за ало.рс откри како Дарко ја побарал за жена.

-Што се однесува до свршувачката, знам дека сите очекуваа некој голем момент, но едноставно тоа не сме ние, не сум јас. Се молев да не ме запроси на дочекот на Нова година бидејќи тоа е клише, вели Барбара и откри како Дарко ја запросил.

-Мојот иден сопруг ме однесе во трговски центар да купиме патики за неговите деца, наидовме на една златара и ми рече – „Ајде да влеземе внатре и да видиме што има“. Кога влеговме, Дарко ми рече –„Бирај“. И тоа за мене е совршено, вели идната сопруга на пејачот.

-Не сум некој што носи накит, единствено нешто што сакам е часовник, и кога тоа е во прашање имам специфичен вкус. Дарко нема да знаеше што ќе ми се допадне, па одлучи да ме изненади, вели пејачката.

За потсетување, Дарко беше во брак со Ана Севиќ и од бракот ја имаат ќерката Лорена, а од врската со Марина Гагиќ го има синот Алексиј.

Најнови вести