четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Откако беше ослободена од канџите на нејзиниот татко, Бритни сега планира да го направи она што не можеше да го направи претходните 13 години

Откако беше ослободена од канџите на нејзиниот татко, Бритни сега планира да го направи она што не можеше да го направи претходните 13 години

Откако беше ослободена од старателството кое над неа го имаше нејзиниот татко Џејми по 13 болни години, Бритни Спирс конечно доби желба за живот бидејќи веќе ја планира својата иднина.

Според странските медиуми, таа би сакала да ја официјализира својата љубов со Сем Асгари, нејзиниот личен тренер, со брак пред да наполни 40 години, што не можеше да го направи додека нејзиниот татко го имаше старателството над неа. Исто така, бидејќи немала увид во нејзините финансии, Бритни сега сака да знае каде се потрошени нејзините пари што ги имал татко и Џејми.

– На Хаваи се чувствува најдобро, па би сакала да се омажи токму таму. Тие планираат голема забава. Тоа ќе биде првпат по неколку години да може да се дружи со пријателите – рекол извор за странските медиуми, нагласувајќи дека венчавката ќе биде пред 2 декември или на тој ден.

Се претпоставува дека ќе покани познати личности кои ја поддржувале во текот на сите години, а на листата потенцијални гости се и Парис Хилтон, Мадона, Кардашијан, Мајли Сајрус и Шер.

– Нејзините приоритети се непосреден брак, бременост и постепено враќање во општествениот живот. Таа исто така сака да знае каде се потрошени нејзините пари. Тоа ќе биде многу динамичен период за неа – вели пријател.

Местото на таткото на Бритни беше заменето со Џон Забел, сметководител избран од Бритни и нејзиниот адвокат, за привремено да ги надгледува нејзините финансии. Следното рочиште за преиспитување на престанокот на нејзиното право на старателство е закажано за 12 ноември.

Најнови вести