Младата пејачка Луна Џогани неодамна вгради силикони на себе, а со тоа го привлече целото внимание во јавноста.
Луна го привлече целото медиумско внимание бидејќи сето тоа го направи јавно во медиумите, а по вградувањето на истите сега се одлучи јавно да проговори и за тоа низ што поминала додека траел целиот процес.
-Се помина како што треба по операцијата, но некои работи не можев самата да ги направам, затоа мама и Марко ми помагаа. Тие на почетокот ме хранеа, облекуваа, бањаа… Не можев да ги помрднам рацете бидејќи ми беше напорно, вели Луна.
Покрај градите таа сакала уште еден детаљ да корегира на себе, но се откажала.
-Се откажав од операцијата на носот, не сакам да бидам како и останатите жени. Не сакам да бидам во морето на исти девојки, него сакам да бидам посебна. Ваков нос имаат сите од страната на мојот татко и горда сум на тоа, додава Луна.