понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Откако јавно призна: Актерката од „Ивкова слава“ на сослушување мора да го каже моќникот кој ја си**вал?

Откако јавно призна: Актерката од „Ивкова слава“ на сослушување мора да го каже моќникот кој ја си**вал?

Откако собра храброст и јавно прозборе за силувањето кое го доживеала од страна на моќник од филмската индустрија, актерката Данијела Штајнфелд наводно ќе мора да го каже името на изршителот.

-По повод објавените текстови во повеќе дневни весници, а кои ја пренеле изјавата на актерката Данијела Штајнфелд дека од страна на НН лице означено како „моќник од филмската индустрија“ е силувана, Вишото јавно обвинителство во Белград даде барање за собирање на потребните известувања, стои во одговорот кој Телеграф го добиле од Обвинителството.

Тоа значи дека актерката ќе биде сослушана во полиција, каде ќе биде обврзана да го каже идентитетот на сторителот.

Во документарниот филм во кој призна дека е силувана, се слуша дел од снимка на која е разговор на Данијела и човекот кој ја силувал, што би можело да биде доказ доколку дојде до судење.

Актерката поради овој настан се отселила од Србија во Америка каде со години подготвувала документарен филм со кој се претстави на Филмскиот фестивал во Сараево.

По признанието дека била сексуална жртва, Данијела доби поддршка од голем број српски актерки кои од неа побараа да го каже името на силувачот.

Најнови вести