четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Откриено зошто се дрогирал Дарко Лазиќ: Пејачот се развел пред два месеци

Во нивниот брак подолго време не функционира се како што треба, а се шпекулираше и дека трета личност се вмешала во бракот, па и дека Ана Севиќ имала афера со Аца Лукас, но тоа не е точно.
Откриено зошто се дрогирал Дарко Лазиќ: Пејачот се развел пред два месеци

Ана Севиќ и Дарко Лазиќ се разведени веќе два месеци. Оваа информација тие ја скрија првенствено што не сакаа нивните роднини премногу да се возбудуваат, меѓутоа новите настани токму доведоа до откривање на тој факт.

Во нивниот брак подолго време не функционира се како што треба, а се шпекулираше и дека трета личност се вмешала во бракот, па и дека Ана Севиќ имала афера со Аца Лукас, но тоа не е точно.

-Нема никаква врска со трето лице, се договоривме мирно да се разделиме и засекогаш да останеме пријатели. Никогаш нема да слушнете ниту еден лош збор од ниедна страна за нивниот брак, па ниту сега кога е завршен, вели извор за „Скандал“, а Ана и Дарко не беа достапни за коментари.

Во секој случај, се разделиле в мир зошто во спротивно порано ќе се дознаеше дека не се повеќе заедно. Новонастанатата ситуација и снимката која се појави во медиумите не влијаела врз Ана да се одрекне од Дарко, туку станува збор за постара снимка која настанала уште пред тие двајца да почнат да се забавуваат. Ана цврсто стои сега веќе зад поранешниот маж, а она што разоткрива снимката, ќе ја шокира јавноста и ќе дојде до разврска на нивната ситуација, поточно на виделина ќе излезат уцените, заканите и финансиските малверзации на кои Ана и Дарко биле изложени со години.

Имено, за сето ова време колку што беа во брак, тие биле уценувани и им барале пари за различни работи, меѓутоа кога уценувачите виделе дека од тоа нема ништо, почнале да им прават разни сплетки и местенки, па така на почетокот на минатото лето Ана ја вмешаа во афера. Иако уште тогаш тие се договориле да се разделат, одложиле се за да не испадне дека се развеле поради аферата која тогаш на Ана буквално и била наметната.

Најнови вести