Најголемата балканска музичка ѕвезда Цеца повеќе од 30 години настапува секаде ширум светот и иако ги има посетено речиси сите места на планетата земја, ретко кога има време и прилика за себе.
Цеца за 8-ми март реши да се почести самата себе си и замина за Италија, поточно Рим од каде ги поздрави своите следбеници на социјалните мрежи со фотографија.
-Обожавам кога сум туриста, напиша Цеца под фотографијата.
Фановите веднаш ја „нападнаа“ со илјадници коментари на сметка на нејзиниот изглед.