четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Ова е Ана, мајката на Северина: Пред неа се тепаа двете ќерки, пејачката им забранила контакт

Ова е Ана, мајката на Северина: Пред неа се тепаа двете ќерки, пејачката им забранила контакт

Поп-пејачката Северина Вучковиќ не се разделува од нејзината мајка Ана, со која сега објави фотографија на чија сметка доби голем број позитивни коментари.

„Мајка ми“ – напиша Севе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Инаку, пејачката во последно време не се разделува од мајка си. Како што пишуваат хрватските медиуми, мајката на Северина наводно е многу болна, поради што не се одвојува од својата ќерка.

Од друга страна, Маријана, сестрата на пејачката, наводно им се пожалила на своите блиски пријатели дека не може да стапи во контакт со нејзината мајка, бидејќи Северина е против тоа и, повторно според приказната од медиумите, не и дава никакви информации за здравствената состојба на нејзината мајка.

Инаку, скандалот што ја одбележа 2022 година на Северина беше жестоката пресметка со сопствената сестра Маријана во август.

Како што пријавила Маријана во полиција, двете се тепале по целиот стан во Сплит, пред очите на нивната мајка Ана.

 

Најнови вести