Шампионката на УС Опен од минатата година и овогодишната финалистка на Роланд Гарос, Американката Слоун Стивенс, слободното време го поминува на најпознатите и атрактивни плажи на светот.
Позната по својата скромност и повлеченост, Американката позитивно ги изненади сите со своите нови фотографии на Инстаграм.
На фотографиите тенисерката е во костим за капење, но изненадените фанови од храброста на тенисерката не забораваат дека таа се фотографираше и во минијатурна танга за списанието „Sport illustrated“ на почетокот на оваа година.
Инаку познато е дека тенисерките сакаат да споделуваат провокативни фотографии на своите Инстаграм профили, но од Стивенс тоа никој не го очекуваше. Но, изгледа Американката им се придружува на останатите тенисерки…