вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Оваа е единствената фотографија на Здравко Чолиќ со родителите – пејачот во војничка униформа, а мајка му е вистинска убавица за тоа време

Оваа е единствената фотографија на Здравко Чолиќ со родителите – пејачот во војничка униформа, а мајка му е вистинска убавица за тоа време

За кариерата на легендарниот пејач Здравко Чолиќ е излишно да се говори, а безброј испеаните хитови и преполните сали зборуваат сами за себе.

Пејачот иако низ децениите наназад е во центарот на вниманието тој е скромен и приземен за разлика од многу други негови колеги.

За неговото семејство речиси и ништо да не се знае, а медиумите во минатото не се ни занимавале толку многу со тоа.

Сепак, денес по долги години е објавена фотографија од пејачот со неговите родители кога се вратил од војска.

Фотографијата е направена во Сараево, а на истата позира Здравко со таткото Владо и мајката Стана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by dejanbegovic (@dejanbegovic)

Тој инаку многу тешко ја преброди смртта на мајката во 2009 година и не криеше дека тоа му бил најтешкиот период во животот.

Година дена подоцна го напуштил и неговиот татко кој многу исто така влијаен на него.

Кога сум се родил мојот татко сакал да бидам здрав, па по тоа го избрал името Здравко. Кога се родил мојот брат татко ми сакал да се вика Југослав, по државата, бидејќи тој бил офицер, се бунев и му велев дека секогаш ќе го викам Драган. Имаше среќа што моето име победи, а родителите се трудеа мене и брат ми да не насочат кон правиот пат во животот. Татко ми ми го купи првиот грамофон, гитара… и сето тоа од една плата, бидејќи мајка ми беше домаќинка, раскажа Чолиќ во една своја прилика.

Најнови вести