петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Оваа личност од кралското семејство прв ја запознал ќерката на принцот Хари и Меган – односите во кралското семејство се подобруваат!

Оваа личност од кралското семејство прв ја запознал ќерката на принцот Хари и Меган – односите во кралското семејство се подобруваат!

Се чини дека односите во кралското семејство се подобруваат.

Принцот Хари беше домаќин на првиот јавно потврден кралски посетител во Калифорнија, откако се пресели во Америка со сопругата Меган и синот Арчи, пред две години.

Војводата од Сасекс беше фотографиран со принцезата Евгенија на „Супер болот“, каде што гледаа како Лос Анџелес Ремс ги порази Синсинати Бенгалс.

Двајцата седеа еден до друг, но со заштитни маски на стадионот „СоФи“ во Лос Анџелес, а ТВ екипите ги снимиле како заедно уживаат во играта.

Ќерката на принцот Ендру, Евгенија, отсекогаш ја поддржувала љубовта на Хари и Меган, а тие често се дружеле за време на нивниот живот во Англија.

Војвотката од Сасекс во интервју во март 2021. година на Опра Винфри ѝ кажа дека ја познавала Евгенија уште пред да го запознае Хари и дека била присутна и кога Меган првпат ја запознала кралицата Елизабета Втора.

Евгенија е првата од семејството која имала можност да ја запознае малата Лилибет Дијана, а девојчето веднаш ја освоила.

Наскоро се очекува голема семејна средба во Велика Британија, која треба да ја организира принцот Чарлс, за да се сретне со својата внука, но и повторно да се зближи со синот.

Најнови вести