Популарната хрватска пејачка Северина во младоста останала без својот татко Север, а како што вели нејзината мајка Ана, од него го наследила карактерот и изгледот.
Малку познат факт за хрватската ѕвезда е дека таа е во семејни врски со еден познат српски актер.
Ѕвездата на серијата „Подобар живот“ по кого „жените копнеејќи тивко страдаа“, легендарниот Аљоша Вучковиќ е вујко на Северина.
Вучковиќ во кариерата има одиграно преку 70 улоги, а со сопругата Едита со години живее во Белград.
За неговите семејни врски со таткото на Северина, Аљоша коментирал дека тие се далечни роднини, преку нивните дедовци кои потекнуваат од исто село во Далмација.