Познатата американска пејачка и актерка која е во врска во бугарскиот тенисер Григор Димитров ја шокираше јавноста откако неговата поранешна девојка ја нарече кралица.
Никол Шерцингер немаше проблем да се огласи на својот Инстаграм профил и да ја поддржи Серена Вилијам.
„Кралица“ Ти си вистински шампион пример за сите жени. Сите сме со тебе, те сакаме и поддржуваме, напиша пејачката споделувајќи фотографија од тенисерката.
Инаку да потсетиме дека славната тенисерка која го изгуби финалето на УС Опен од Наоми Осака влезе во кавга со судијата кој го нарече и крадец, а потоа го обвини за сексизам.
Тенисерката жестоко е казнета со 10 илјади долари поради навреда на судијата, 4 илјади долари за предупредување на тренерот и 3 илјади евра за кршење на рекетот.