Веста дека српската пејачка од триото „Хурикејн“, Сања Вучиќ е во љубовна врска со фудбалскиот репрезентативец на Србија не престанува да ја бранува српската јавност.
Атрактивната Вучиќ на фудбалерот Немања Гудељ му го честиташе роденденот со што додатно ги „подгреа“ сомневањата дека помеѓу фудбалерот и неа се случува нешто.
Сања имено објави фотографија од заедничко излегување на кое блеска насмеана додека фудбалерот ја прегрнува, а на истата пејачката напиша:
„Среќен роденден родени“.
За потсетување шпекулациите за нивната емотивна врска започнаа откако фудбалерот и коментираше под една фотографија на пејачката, додека двајцата засега се немаат огласено.