Српската пејачка Гога Секулиќ на 11 декември се породи во Виена и на свет го донесе своето прво дете Василиј Андреј.
Таа ужива во друштво на бебето и свршеникот Урош, а преку социјалните мрежи им ја честиташе новата година на фановите.
-Мене оваа ми е дефинитивно најубава година и ми го донесе најголемиот подарок во животот. Драги мој ви посакувам во 2019 да ви се исполнат сите желби, да бидете сакани, живи, здрави и среќни. Ве сакаме јас, Василиј и Урош, напиша пејачката.
Фановите веднаш ја забележаа пејачката која изгледа одлично 20 дена по породувањето, па веднаш и поделија одлични комплименти, погледнете.