Рада и Харис ја прекинаа долгогодишната врска.
Врската помеѓу Рада Манојловиќ и Харис Берковиќ по шест години заврши. Пејачката беше таа што реши да стави крај на се, и за тоа Скандал, дознава дека причината не е прељуба.
Имено, Рада решила да превземи нешто, па решила да одмори за и двајцата да видат што прават. Едноставно и беше преку глава од се и сфати дека и треба време и самотија.
-Последниве неколку месеци поради тоа што веќе врската не беше стабилна, не беше врска на која беше навикната, па донесе одлука малку да се оддалечи и добро да размисли за се. Станува збор за разделба на извесно време, по што ќе се сретнат и ќе одлучат што понатаму. Немаше остри зборови, се решија во мир и цивилизација како возрасни кои се ценат и почитуваат.
По нејзиниот предлог, Харис се исели и се врати во Босна, а Рада неодамна настапуваше во неговиот град, но тогаш не го посети – рекол извор за Скандал!.