Петар Грашо пред неколку дена беше специјален гостин на свадбата на пејачот Дарко Лазиќ и за првиот танц ја отпеа песната „Јел ти река ко“.
Не е невообичаено песните на Петар да се избираат за првиот танц на свадбите, но сега станува сè попопуларно паровите да го направат тој посебен момент уште поромантичен со ангажирање на Грашо да ја изведе песната во живо.
Вообичаено Грашо на свадбата останува околу 10 минути, колку што трае отприлика првиот танц. Со оглед на тоа дека Петар Грашо е една од водечките регионални ѕвезди, многумина ги интересираше колку чини ова задоволство.
Извор од музичката индустрија за „Слободна Далмација“ наведува дека пејачот не настапува премногу на приватни веселби, а сака да доаѓа на свадби и да им пее една или две песни на младенците по договор. Тој ангажман чини од 2.000 евра па нагоре.