среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Пике одговори на „Касио“ провокацијата на поранешната сопруга Шакира (Видео)

Пике одговори на „Касио“ провокацијата на поранешната сопруга Шакира (Видео)

Музичката ѕвезда Шакира реши да го трола поранешниот сопруг Жерард Пике со својот нов хит, соработка со раперот Бизаррап, а неколку дена по промоцијата на синглот стигна и индиректен одговор.

Поранешниот фудбалер на Барселона изминатите денови не одговори на провокациите од стиховите на песната, која експресно стана хит и има над 80 милиони прегледи, но првата реакција стигна во Твич емисијата поврзана со „Кингс“ лигата која ја организира.

Пике пред големиот аудиториум го покажал својот Касио часовник, објавувајќи дека познатиот бренд е нов спонзор на лигата и сите претседатели на клубови ќе добијат подарок часовник.

– Ова се часовници што траат цел живот, – провокативно истакнал Пике.

Пике и Шакира не се разделија пријателски, а довчерашниот фудбалер на Барселона веќе има и друга партнерка, која доби понижувачки пораки во стиховите на новиот хит.

Не знам што се случи со тебе

Толку си чуден, што не можам да те препознаам

Замени Ферари за Твинго

Замени Ролекс за Касио

Работиш многу во теретана, но поработи малку и со мозок

Ти посакувам се најдобро со мојата таканаречена замена

Ова се дел од стиховите на песната со која Шакира испрати порака до Пике, а која поради тоа стана и екстремно популарна.

Најнови вести