петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Пике првпат во јавноста со „малата Шакира“: Ја однесе на венчавка и не ја испушташе од рака, сите коментираат дека е копија на пејачката (ФОТО)

Пике првпат во јавноста со „малата Шакира“: Ја однесе на венчавка и не ја испушташе од рака, сите коментираат дека е копија на пејачката (ФОТО)

На Твитер се појавија фотографии од фудбалерот Жерар Пике и неговата нова девојка, студентката Клара Чиа Марти. Двојката е видена на свадба во Шпанија. Оделе насмеани и држејќи се за рака.

Клара е првата девојка со која Пике е виден во јавноста по раскинувањето на 12-годишната врска со пејачката Шакира (45) со која има два сина. Атрактивната русокоса студира односи со јавноста и живее во Барселона.

Фудбалерот прво сакаше да ја сокрие новата девојка, па неговиот тим за односи со јавност ги избриша сите фотографии од нив што ги имаше на различните платформи, но сепак тоа не му успеа.

Јавноста брзо ја пронајде девојката и фотографиите се проширија ширум целиот свет.

Особено тој е во центарот на вниманието секојдневно поради тоа што таа е студентка и е 12 години помлада од него.

Најнови вести