петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Пике за фановите на Шакира: „Не можете да замислите какви сè коментари добивав. Тоа се такви гадости…“ (ВИДЕО)

Пике за фановите на Шакира: „Не можете да замислите какви сè коментари добивав. Тоа се такви гадости…“ (ВИДЕО)

Жерар Пике за време на гостувањето во емисијата на Жерар Ромео зборувал за многуте критики кои секојдневно ги добива од фановите на Шакира, бидејќи ја изневери.

„На почетокот беше многу лошо. Дојде до тој степен што ако дозволев работите да ме повредат, ќе се фрлев од карпа“, вели тој.

Пике додава дека 95 отсто од проблемите со кои се соочуваат луѓето, се појавуваат кога тие се грижат за работи кои не се толку важни. Според него, единствените работи за кои вреди да се грижите се сериозните здравствени проблеми, семејството и љубовните врски.

По веста дека по 11 години врска ја изневери Шакира со Клара Чиа Марти, следеа бројни негативни реакции.

„Мојата поранешна девојка е Латиноамериканка… Не можете да замислите какви сè коментари добивав од нејзините фанови. Тоа се такви гадости… Сепак, не дозволувам тоа да ме допре. Секако не ги познавам. Тие луѓе немаат сопствени животи, зошто би требало да ми е грижа? Никогаш нема да ги запознаам. Тие се роботи“, искрен е фудбалерот.

Смета дека нема ништо лошо во тоа што е ноншалантен.

„Ако се грижите што мислат луѓето, вие сте мртви. Тие сакаат да се грижите. Кога би го направиле тоа, тие би победиле. Мора да им покажете дека не ви е грижа, бидејќи тоа уште повеќе ги лути“, открива Жерар во своето најново интервју.

Најнови вести