Една од најатрактивните албански водителки, Ева Мурати речиси цело време е активна на социјалните мрежи и секојдневно објавува фотографии од нејзиното секојдневие.
Имено, овој пат таа своите обожаватели на социјалните мрежи ги почести со една новогодишна мини фотосесија, односно дотерана во традиционално зимска и предновогодишна облека.
Инаку, Ева Мурати е познат модел, како и водител на спортската емисија од Лигата на шампионите и важи за една од најатрактивните во регионот.
Згодната водителка беше во врска со синот на поранешната претседателка на албанското Собрание, Жозефина Топали, а неодамна албанските медиуми пишуваат дека тие наводно ја прекинале врската, а самата водителка тогаш не сакаше да во врска со тоа.