УФЦ шампионот Конор Мекгрегор синоќа преку социјалните мрежи ја соопшти радосната вест дека ја запросил долгогодишната девојка Ди Девлин.
Во објавата со фотографијата на која среќната двојка позира во прегратка се гледа блескавиот свршенички прстен.
„Каков роденден, мојата идна сопруга“, напиша ирскиот ММА борец, алудирајќи на роденденот на Ди што е денеска.
Конор и Ди се заедно од 2008 година и имаат две деца заедно – тригодишниот Конор Џек Џуниор и ќерката Кроја која се роди во јануари, 2019 година.
Ди израснала во близина на родниот град на Конор во Ирска и му е најголема поддршка во текот на неговата ММА кариера.
Покрај неговиот имиџ на „опасен тип“, 32-годишниот Конор е вистински семеен човек уште пред да ја запроси Ди – јавно ѝ се има заблагодарувано безброј пати што е со него од деновите кога бил никој, до денес.
Пред да стане шампион, милионер и предмет на обожавање на илјадници жени, Конор работел како водоводџија, но ја имал љубовта на Ди Девлин.
Во најтешките моменти од неговиот живот таа му била најголема поддршка и многумина ја нарекуваат нивната љубовна приказна вистинска модерна бајка.