четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

По бомбастичното интервју на Меган и Хари: Славната пејачка по 12 години молк, сега сака да проговори пред Опра

По бомбастичното интервју на Меган и Хари: Славната пејачка по 12 години молк, сега сака да проговори пред Опра

Откако принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл ја шокираа светската јавност во интервју со Опра Винфри, странските медиуми пишуваат дека славната водителка може да биде домаќин и на поп-ѕвездата Бритни Спирс.

Бритни „молчеше“ 12 години, се додека нејзиниот татко има старателство над неа и располага со целиот нејзин имот, а блиски на пејачката тврдат дека таа сака да си ја отвори душата и да раскаже што се случило и низ што поминала пејачката.

-Бритни размислува да зборува за своето минато, најмногу затоа што сметаше дека другите не треба да ја раскажуваат нејзината приказна. Отсекогаш мразела да дава интервјуа, но ако сега се реши да го стори тоа, Опра најверојатно би била нејзиниот прв избор, рекол за странските медиуми извор близок на пејачката.

Најнови вести