вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

По гласините дека Дарко Лазиќ ќе стане татко по трет пат, се огласи неговата мајка – еве дали убавата Катарина е бремена

По гласините дека Дарко Лазиќ ќе стане татко по трет пат, се огласи неговата мајка – еве дали убавата Катарина е бремена

Во српските медиуми како бомба одекна веста дека популарниот фолкер Дарко Лазиќ по трет пат ќе стане татко.

Сите зборуваат за тоа дека неговата избраничка Катарина ќе роди дете, како и дека е во првиот месец од бременоста, а среќната вест ја дознале случајно.

Бидејќи ниту Дарко ниту Катарина не зборувале за ова, ПИНК стапи во контакт со мајката на пејачот Бранка Лазиќ, која за порталот откри дека нема повторно да стане баба, иако би сакала, но дека Дарко и Катарина дефинитивно имаат план.

-Слушнав дека пишувало… Катарина не е бремена. Досега седев со неа и Дарко, тие беа кај мене. Навистина се согласуваме со Катарина, таа е убава девојка. Секако дека ја паметам од порано, Дарко одамна беше во врска со неа, тогаш ја запознав. Планираат бебе, Дарко сака машко дете, па ќе видиме дали ќе му се исполни желбата. Секако, би сакала и повторно да станам баба и да имам уште едно внуче. Само нека е живо и здраво, не ми е гајле од кој пол ќе биде, изјавила Бранка Лазиќ за ПИНК.

Најнови вести