среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

По големиот скандал, се огласи сестрата на Северина: Имам болки од ударите и повреди од остар предмет

По големиот скандал, се огласи сестрата на Северина: Имам болки од ударите и повреди од остар предмет

Пејачката Северина Вучковиќ се најде во центарот на скандал, кога беше приведена на аеродромот во Загреб поради напад на сопствената сестра.

Во оваа прилика се огласи сестрата на Северина, Маријана Вучковиќ Поповиќ.

-Јас сум во многу лоша здравствена состојба и имам болки од удари и повреди со остар предмет. Ова е од причина што по моја пријава од пред неколку месеци, Центарот за социјална работа и министерстви за внатрешни работи во Загреб не си ја вршат работата. Да ја земеа мојата пријава и да ги препратеа телефонските пораки како закана за убиство и да и издадат забрана за приближување, тоа немаше да се случи. Се надевам дека сега ќе реагираат професионално и согласно законот, за да не бидат полоши последиците. МУП Загреб, огранокот Максимир и нивните власти, за кои знам дека се во пријателски односи со дотичната, треба да разликуваат каде завршува дружењето, а каде започнува работата. Ова е срамно и и се извинувам на јавноста што доживува и поминува низ ваква вест, изјави сестрата на Северина, Маријана.

Најнови вести