Откако беше уапсен од сообраќајната полиција поради пребрзо возење, возење без возачка дозвола, како и позитивен тест за присуство на алкохол и кокаин, пејачот Дарко Лазиќ ја напушти Србија.
Дарко прозборе за медиумите и изјави дека и нарко тестот бил позитивен кога го запрела полицијата, а пејачот сега се огласи на својот Инстаграм профил и ги извести своите следбеници дека е во Цирих.
Дарко сподели фотографија од кафуле каде го поминува времето со својот пријател, а потоа и промоцијата на неговиот утрешен настап кој е закажан во клуб во Германија.
Да потсетиме, Дарко Лазиќ е уапсен поради повеќе сообраќајни прекршоци и е казнет со најмногу 200.000 динари, една година забрана за возење и 10.000 динари поради брзо возење, а иако бил позитивен на наркотици, пејачот тврди дека да не консумирал недозволени материи таа вечер.