Само неколку часа откако го обиколи светот веста дека Илон Маск и Грајмс го добија своето второ дете, пејачката објави дека раскинале по втор пат.
Грајмс се огласи на својот Твитер профил каде потврди дека таа и најбогатиот човек на светот повторно ја прекинале врската.
– Јас и Елон повторно престанавме да ја пишуваме оваа статија, хаха, но тој е мојот најдобар пријател и љубовта на мојот живот, напиша пејачката само неколку часа откако светските медиуми објавија дека таа и Маск добиле уште едно дете.
Да потсетиме, пејачката за Vanity Fair откри дека на својата ќерка и го дале името Exa Dark Sideræl, но дека ја нарекуваат Y. Парот веќе има син на кој му дале име X Æ A-Xii.
Y ја роди сурогат мајка, неколку месеци откако Грајмс и Маск раскинаа по три години врска, а се пишуваше дека милијардерот има нова девојка.